Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со став за оставката на Дурловски

Игор Дурловски го напушти Собранието и се откажа од пратеничката функција. За тоа ја информираше јавноста преку својот Фејсбук профил.

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат.

Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас“- истакна тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека тоа е личен став на Дурловски, а партијата ќе го почитува тоа.

-Тоа е личен став на Игор Дурловски кој ние го почитуваме. Како што кажува и самиот, останува верен на Македонија, но и на Коалицијата „За обнова на Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ. Тој, меѓудругото, останува стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, истакнаа од партијата.

Македонија

Заболени
55,127
Мртви
1,546
Излечени
32,894
Активни
20,687
Last updated: 24/11/2020 - 15:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.