Македонија

ВМРО-ДПМНЕ побара од Заев да пpeстане да кpaде

На новинарското прашање „Дали ВМРО-ДПМНЕ се откажува од потпретседателското место во Собранието?“ од партијата велат дека наместо Заев да наметнува вештачка тема со потпретседателите во собранието да престане да краде за да има повеќе за граѓаните.

-ВМРО-ДПМНЕ јавно се изјасни дека ниту прифаќа, ниту пак ќе предложи потпретседател на собранието. За ваквиот чекор кој што го правиме има две причини. Првата е дека има толку многу потпретседателе и економски е неоправдано затоа што се трошат парите на граѓаните, втората станува збор за позиција која што е измислена од страна на СДСМ и Зоран Заев само за да може да тргуваат со функции. Ова е вештачка тема, креирана и наметната од страна на СДСМ и Заев изминатите неколку денови за да се зборува и да се одвлече вниманието на оваа тема, во време кога гледаме дека само за 5 месеци 40.000 луѓе останале без работа, потенцираат од партијата.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ му советува на Заев наместо да зборува дали ќе се додава или ќе се одзема функција потпретседател во собранието, тој да се обиде да не краде за да може да има повеќе пари за граѓаните.

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 18:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.