Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најавува целосна блокада на институциите и патиштата а можен е и ќотек за Таче и Али

ВМРО-ДПМНЕ најавува целосна блокада на институциите, ако нема договор за предвремени парламентарни избори.

Од партијата информираат дека ќе бидат организирани разни протесни активности кои ќе се реализираат во целата земја.

-Доколку (Димитар) Ковачевски и (Али) Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите и на патиштата се до договор за избори. Штетата која се предизвикува со владеењето на СДСМ и ДУИ е поголема од било која друга штета. Предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќа стави крај на криминалот и корупцијата. Потребни се промени. Народот бара промени. Колку и СДСМ и ДУИ да се трудат да ги спречат промените тие ќе дојдат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.