Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со претседателот, Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките кон Кабинетот на претседателот, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 22:26 (+02:00)

Мицкоски предмалку беше на средба во Вила Водно заедно со неколку пратеници  за да бара докази од Пендаровски зошто му го доделил мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев без обезбедено парламентарно мнозинство.

Пендаровски му кажал дека Заев го уверил дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство, но според Мицкоски тоа не е доволен доказ за доделување на мандатот.
-Како аргументи претседателот рече дека Собранието е конституирано, ги наведе примерите од 2006 и 2016 година и тоа дека добил уверување дека Заев ќе обезбеди мнозинство, рече Мицкоски кој на средбата сепак не му кажал директно на Пендаровски дека ги замрзнува односите со неговиот Кабинет.

Според него, Заев ги има заробено преговорите за формирање на Влада и со доделувањето на мандатот, според него се купува време за договор за обезбедување на мнозинство.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker