МакедонијаТоп1

ВМРО-ДПМНЕ број еден на гласачкото ливче, СДСМ број четири

На првите четири места на гласачкото ливче на изборите на 11 декември ќе се најдат четирите најголеми политчки партии и потписнички на Договорот од Пржино по редослед: ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ДУИ и СДСМ.

Овој редослед денеска беше извлечен на жребувањето за редоследот на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември што го спроведе Државната изборна комисија.

На петто место следува коалицијата „За промени и правда“ (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, МОРО – РП и ДЕМОС), на шесто е ПДП, седмото место е за „Алијансата за Албанците“, на осмо место е ЛП, на деветто коалицијата „ВМРО за Македонија“ (ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство), на десеттото место е Движењето БЕСА и на единаесеттото место е партијата „Левица“.

drzavna-izborna-komisija-dik



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.