Живот

Власта изгуби компас, по Владата и Општина Крива Паланка набавува виски и фстаци со народни пари

Во време на пандемија, здравствена и економска криза кога секојдневно се отпуштаат работници власта се луксузира. Како последица на кризата изминатите неколку месеци во Македонија без работа останаа околу 40.000 работници. Од друга страна Владата и општините се фрлија на расипништво.

Освен Министерството за одбрана и Службата за општи и заеднички работи на Владата, народни пари за набавки кои не се неопходни трошела и општина Крива Паланка.

На електронскиот систем за јавни набавки стои договор за набавка на Прехрамбени производи, безалкохолни, освежувачки и други пијалоци за потребите на Општина Крива Паланка. Градоначалникот Борјанчо Мицевски на 11 септември склучил договор за набавка на прехранбени продукти, алкохолни и безалколни пијалоци за потребите на општината во вредност од 354.000,00 денари. Општината Крива Паланка направила набавка на разни видови чаеви, чоколади, бадеми, фстаци, сортни вина, пива, виски, за сопствени потреби.

На страната на јавни набавки беше објавен и оглас од Министерството за одбрана каде министерката Радмила Шеќеринска планирала да набави колачи во износ од околу 3,5 милиони денари. И Министерството за одбрана склучило договор за набавка на газирани пијалоци во вредност од 3. 557. 488,19 денари.

Непотребни набавки правела и Службата за општи и заеднички работи на Владата. Во периодот додека траеше корона кризата вршела набавки на луксузни добра како што се морски плодови, свежа риба, октопод, апетисани.

Македонија

Заболени
17,977
Мртви
739
Излечени
14,959
Активни
2,279
Last updated: 01/10/2020 - 06:41 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker