Некатегоризирано

Владосудство: Судијата и “Еким” Шабани најде лек за Ковид19

Судијата Осман Шабани станува “Еким” за Корона и сериозен кандидат за местото на претседателот на Комисијата за заразни болести Др. Караџовски.

Кадија те суди, кадија те лечи – вака некако изгледа македонското судство среде корона кризата.

Денешното рочиште за “Талир” се одложи затоа што Кирил Божиновски, еден од обвинетите, е заразен со ковид и со тешки симптоми.

Судијата Осман Шабани при одложувањето на рочиштето, нагласи и инсистира, односно нареди од сега натаму, сите заразени и болни со ковид, без разлика на резултатот на тестовите, по 20 дена да мораат да биде присутен на судење.

Така било согласно здравствените протоколи, како што ги толкува Шабани, дека за 20 дена короната се лечела.

Со оваа одлука на закажаното рочиште на 9 декември, без разлика дали Божиновски ќе е се уште позитивен, или со симптоми, тој ќе мора да биде присутен во судницата.

По оваа одлука лесно може да се претпостави дека притисокот од власта врз судот и судијата е огромен, бидејќи без таков притисок ниеден судија не би си презел таква улога да прогнозира колку ќе трае болеста.

Талир е предмет почнат од СЈО против ВМРО-ДПМНЕ, и за кој што власта посакува брза пресуда против опозицијата.

При таков притисок судиите можеби ќе наредат вклучените во процесот да бидат исклучени од кислородна поддршка, само и само да и удоволат на власта процесот да продолжи.

Или пак можеби судијата Осман Шабани посакува да конкурира за член на Комисијата за заразни болести?



Македонија

Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 22:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.