Македонија

Владата се откажа од задолжителната имунизација за вработените во администрацијата, стимулацијата на матичните единствена нова мерка

Наградата за матичните лекари останува единствена мерка со која Владата ќе се обиде да ги натера луѓето да се вакцинираат против Ковид-19. Министерството за здравство се откажа од идејата сите вработени во јавната администрација, но и во приватниот сектор да мора да се вакцинираат за да може да присуствуваат на работното место.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, не постои механизам како законски би се реализирало тоа.

Тој не ја исклучува можноста од воведување на задолжителна вакцинација, но вели дека ќе остави време да види дали апелите од матичните лекари ќе ги поттикнат невакцинираните.

Владата вчера донесе одлука матичните лекари да бидат наградувани со по 30 денари по пациент доколку 70 проценти од запишаните кај нив се вакцинирани.

Со оваа мерка се смета дека токму матичните ќе ја подигна свеста за вакцинација против Ковид-19 кај нивните пациенти.

Најголемиот дел од матичните лекари, пак, сметаат дека е недозволиво и понижувачки да има ваква мерка. Не би ги земале ни парите ни доколку е исполнет условот кој државата го одреди.

Според пресметките на министерството, матичните лекари во некои градови имаат и по 2.500 пациенти, додека просекот е околу 1.000.

Тоа ќе значи дека ако имаат по 700 вакцинирани би земале 350 евра кои ќе се исплаќаат на пролет.

Според министерот, дел од лекарите веќе го исполниле условот.

Во последниот извештај за Ковид состојбата во земјава, до 27 ноември вакцинирани се 839.600 луѓе со барем една доза или 50,4% од населението.

Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 800.600 или 48 проценти. Трета доза примиле 71.400.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.