Владата ќе дава субвенции за стриптизети, се отвора и слободна стриптиз-зона во Бунарџик
ARHIVA DOKAZ 2014 ta godina
Премиерот Никола Груевски денес постави камен-темелник на нова слободна развојна зона во Бунарџик.
– Нашата влада е демохристијанска и секогаш ќе се залагаме за традиционалните и семејни вредности, но понекогаш, за доброто на нацијата, мора да се преземат и поинакви чекори. За ова што сега го промовираме бевме инспирирани од вчерашните вести на Канал 5 телевизија каде беше отворено прашањето за тоа дали може да се живее од стриптиз во Македонија. Очигледно, од разговорот со гостинката, експерт во својата област, е јасно дека одговорот на ова прашање е позитивен, па ние веднаш излегуваме со чекори за помош и заживување на оваа дејност – рече Груевски.
Како што појасни тој, по примерот на слободните технолошко индустриски развојни зони, како и новите слободни финансиски и здравствени зони, владата отвора и слободна стриптиз-зона во Бунарџик.
– Покрај спомениците и новите градби, стриптиз-зоната ќе биде уште една атракција за привлекување туристи од целиот свет. Кога веќе ќе бидат тука, дел од туристите ќе можеме да ги убедиме и да инвестираат. Тоа, всушност ќе биде уште една од улогите на стриптизетите. Тие ќе бидат обучени и за стриптиз и за привлекување инвеститори, па истовремено ќе работат и како стриптизети, и како економски промотори. За тоа ќе добиваат субвенции по учинок, т.е. според бројот на среќни туристи и задоволни инвеститори – објасни Груевски.
Тој кажа дека овие нови можности ќе бидат причина повеќе младите да не ја напуштаат државата и тука да си ја најдат среќната иднина.
Koza Nostra
