Македонија

Владата им препорача на државните органи да донираат пари за „Глобал“инаку маф им е работата Зоки ќе ги смени

Владата им препорача на државните органи да донираат пари за „Глобал“

Владата денеска на 40-та седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица.

Како што информира владината прес-служба, Владата донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал“ – Струмица.

И Здружението на граѓани „Обнова Глобал“ – Струмица ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал“ Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава.

Како што се наведува во соопштението на здружението, паричните средства што ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка – 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје.

Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ „Глобал“ – Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини, стои во соопштението на здружението на граѓани.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.