КолумниТОП

Влада на широка коалиција за помирување и предвремени парламентарни избори заедно со локалните

Порталот на Ромевски тврди дека ќе има широка влада и избори пак со локалните

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 21:56 (+02:00)

Од утре не очекуваат големи изненадувања на политичката сцена во контекст на создавање на новата Влада, брифираат за Дневни новости извори од дипломатската фела.

Имено, поради турбулентниот период од изминатите шест години од појавувањето на Шарената револуција и бомбите, се до соборувањето на режимот и тригодишното владеење на хибридниот режим, Западот решил да стави точка на владеењетоо на корупцијата и неправдата во С.Македонија.

Доколку се следи пораката на Претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на најголемиот македонски национален празник Илинден, оваа дипломатска акција е повеќе од јасна. Во предвечерието на конечното решение за Косово, во пресрет на претседателските избори во САД, во налет на големиот бран на заболени од КОВИД-19 повторно во светот, и во многу извесната економска криза во која се можни и екстремни потези како девалвација на денарот, народното незадоволство ќе расте, и покрај приказните кои ќе се пласираат во неслободните медиуми под капите на политичката зависност, дека во земјата цвета демократијата и слободата.

Оттаму, се сака да се направи сериозен кадровски хируршки рез кој ќе оневозможи импутација на компромитираните и до во гуша заглибени политички играчи во новата Влада. Што значи ова?! Ова значи дека странците инсистираат на неколку постулати без кои нема да ја подржат новата Влада во ниеден случај, и тоа:

  1. Владата да биде составена од сите субјекти на овие избори кои освоиле депутати-односно Влада на широка колаиција;
  2. Во Владата ниеден член-премиер-министер-заменик министер не смее да биде со никаков допир со скандал, да го има во бомбите или да бил предмет на коруптивно истражување од страна на државните органи;
  3. Владата да биде врз основа на национално, политичко и етничко помирување-сите со сите(исто така спомнато во говорот на Пендаровски);
  4. Клучните места во Владата да ги водат професионалци, а не политички истрошени политичари на кои е потребно да им заврши кариерата (МВР; ОДБРАНА; ПРАВДА; ФИНАНСИИ; ЗДРАВСТВО; ЖИВОТНА СРЕДИНА; ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ТРУД И СОЦИЈАЛА)по принципот пола-пола;
  5. Секое ново објавување на таканаречени бомби да биде законски санкционирано;
  6. Заедно со локалните да се распишат и предвремени парламентарни избори со кои ќе се добие стабилна политичка Влада  која ќе мора да ги продолжи принципите на оваа Коалициона Влада.
Влада на широка коалиција за помирување и предвремени парламентарни избори со локалните
Влада на широка коалиција за помирување и предвремени парламентарни избори со локалните

Со оваа Влада ќе се решат неколку горливи прашања кои во моментов се непремостливи доколку за нив одлучуваат македонските политички субјекти,  и ќе се елиминираат сите коруптивни скандали кои мораат да останат позади овој период.

Се смета дека е недозволиво да се формира Влада во која ќе седат истите министри кои беа вклучени во огромни скандали, сликани со луѓе кои се под неколку истраги за коруптивни зделки, потоа министри зад кои има огромни скандали а веќе 18 години тие како да имаат имунитет и врз нив постои аура на неказнивост, премиери кои секој ден се влечат по судови со компромитирачки снимки.

“Тоа мора еднаш да престане, и за тоа нема изговор, секој што е поврзан со неказнивост врз принципот ако ме допреш, ќе излезам од Влада тука завршува.

Има една сцена од  најпознатата германска серија во изминатите  три години “ 4 блока” за арапскатата мафија во Берлин, во која во една сцена мафијашкиот бос Тони Хамади донира огромни пари на германски младински фудбалски клуб, и доаѓа со својот пријател Германец  до Градоначалникот на општината-Германец  од каде што е клубот, со барање да се слика со Градоначалникот.

На тоа барање Градоначалникот одговара: Јас со вас не можам да се сликам! Пораката е јасна!”- се потенцира во брифингот.

Дневни новости

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker