Живот

ВИКЕНДИЦИТЕ ВО МАВРОВО И СТАНОВИТЕ ВО ОХРИД ПОЛНИ: Бесот ги натера да избегаат од карантинот

Фотографија на Марјан Стаменковски.

Секој што можеше вчера попладне, пред да стапи на сила 80-часовниот карантин, го напушти главниот град. Но, ист е случајот и со Штип, каде и таму е воведен целосен карантин, како една од општините од каде има најголем број на заразени во последните неколку дена.

Најголем број Скопјани заминаа во Маврово и во Охрид, но има и во останатите градови на истокот од земјава, Кратово, Берово, Пехчево, Струмица. Велат: „Таму нема карантин“.

Дел од граѓаните со кои поразговара Фактор велат дека се максимално обесправени, за сметка на оние кои „не се дрзнаа“ да ги послушаат и применат мерките за заштита од корона вирусот. Нивните изјави одат до таму што велат дека на 5 јули, за кога се спремаат изборите, ќе бидат во карантин.

-Властите се изгубија во популизмот. Мерките за едните важат за другите не важат. И ова е сега само за совесните. Оние кои не почитуваа ништо до сега, повторно нема да почитуваат. Заминувам за Кратово, таму нема карантин, во помалите места нема ниту контроли. Заминувам бидејќи нема да бидеме затворени цело семејство во стан цели три дена, но, тоа не значи дека ние не ги почитуваме мерките, си носиме и маски, не планираме да се гледаме со роднини и пријатели. Ќе бидеме во двор, тоа ни треба. Но, сакам да кажам дека, кој и да било датум одржување на изборите, тогаш целото мое семејство ќе биде под карантин, доста е веќе, револтирно вели Коста Ѓоревски од Скопје.

Инаку, според информации од ЈП Државни патишта, главниот град го напуштиле 20.000. Податоците се до 19.00 часот и тоа од патарините низ кои мораа да минат возилата.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.