Некатегоризирано

(Видео) Трифун Костовски шизеше на рокенрол, a вие оштетените од Еуростандард можете да се обесите

Женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров пред 20 години ја освои европската титула во женската Лига на шампиони. Поводот од 20 години вчера беше прославен во кругот на блиските пријатели на тогашниот спонзор на клубот Трифун Костовски и дел од златната екипа која успеа во салата под Кале да го порази Херц и да ја освои титулата.

Загревањето на журката започна кога Костовски го повика тимот на Кометал, Гордана Нацева, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Наталија Малахова, Андријана Будимир, Билјана Црвенковска, Анжела Платон, сите во еден глас да ја отпеат химната на клубот „Кометал Шампионе“. А потоа следуваше славеничката песна „Како је добро видети те опет“ која се пееше по секоја победа на Кометал. Во официјалниот дел од славењето имаше и предавањето на титулите на тогашниот клуб, на актуелниот клуб Ѓорче Петров.  При што Костовски рече дека овој клуб ја заслужува сета поддршка со што се испраќа порака дека Ѓорче Петров и понатаму живее во срцата на љубителите на овој прекрасен спорт.

„Благодарам до раководството на Ракометната Федерација на Македонија што дозволи да ги пренесеме освоените титули и пехари на денешниот Ѓорче Петров ЖРК. Порака до ракометарките: бидете лавици на терен, а дами во секојдневието“, рече Костовски.

Потоа журката продолжи со песните на Бјело Дугме, на која се шизеше и се наздравуваше во чест на дваесетгодишниот јубилеј од победата на Кометал. Забавата продолжи со македонски шлагер кој го отпеа Трифун Костовски, „Ако одам во Битола“.

На забавата гостин беше и поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација и ракометниот клуб Вардар, Борко Ристовски.

 

Видео плејер

00:00
07:18
Видео плејер

00:00
03:06
Видео плејер

00:00
03:09




 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.