(ВИДЕО) Таравари: Оние кои го организираа 27-април денеска јавно помагаат на СДСМ
(ВИДЕО) Таравари: Оние кои го организираа 27-април денеска јавно помагаат на СДСМ
Градоначалник на Гостивар од Алијанса за Албанците, Арбан Таравари рече дека луѓето кои го организирале 27 април денеска јавно се знае дека тие луѓе помагаат на СДСМ и веќе не се дел од ВМРО-ДПМНЕ.
Таравари во гостување на телевизија 24 вести ги наброја Мијалков, Мукоски, Тодоров како главни организатори на настаните од 27 април.
– Одредени луѓе од ВМРО коишто ние мислевме дека се главните организатори на 27 април, а тоа се Сашо Мијалков, Мукоски, Никола Тодоров и одредени ликови кои за нас беа негативни ликови во ВМРО-ДПМНЕ. Тие поминаа и веќе јавно се знае дека се знае дека ѝ помагаат на СДСМ, рече Таравари на гостувањето.
Понтаму тој кажа дека Сашо Мијалков веќе е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, а оние кои го организирале „Крвавиот четврток“ денеска јавно се приврзаници на СДСМ. Тој тука го истакна Никола Тодоров и за него кажа дека тој е најголем поддржувач на СДСМ моментално.
– Никола Тодоров го брани СДСМ повеќе од било кој друг, потенцираше Таравари алудирајќи дека некогашните членови на ВМРО-ДПМНЕ денес се поблиски до владејачката гарнитура.
Поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари и актуелен градоначалник на Гостивар од редовите на Алијансата за Албанците политички ги девастираше се поактуелните Сашо Мијалков, Нино Тодоров и Крсто Мукоски кои упорно бараат промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Во своето гостување во телевизија 24 говорејќи за се поверојатната коалиција на Алијанса, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ испровоциран од водителот истакна дека организатори на настаните од 27 април се луѓе кои веќе не се членови на најголемата опозициска партија.
Тој директно ги посочи Никола Тодоров, Сашо Мијалков и Крсто Мукоски како организатори на настаните од 27 април кои денес се во коалиција со Зоран Заев и СДСМ.
