(ВИДЕО) ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА СКОПЈАНКА: ТАТКО МИ ЛЕЖИ НА НЕВРОЛОГИЈА 3 НЕДЕЛИ ВО КОМА, А ВО НЕГОВАТА СОБА ДОКТОРИТЕ И СЕСТРИТЕ СИ ПРАВАТ ЖУРКА СО ТУРБО-ФОЛК!
Реалноста на македонското здравство, со чест на исклучоците, пред 1 година им аплаудиравте и на ваквите на отворена сцена. Овие луѓе ги „спасуваат“ нашите и ваши животи. И после зошто сме имале најголема смртност од кoвид на планетава… А и од сѐ друго…
Скопјанката Александра Марковска со потресен Фејсбук статус за „лекувањето“ на нејзиниот татко кој е 3 недели во кома на интензивното одделение на неврологија. Во неговата соба тој се „третира“ со забава на персоналот, гласна турбо-фолк музика, како и одбивање на вработените да ја земат храната од неговата ќерка, која тие самите претходно ја бараат.
Сето тоа проследено од Марковска и со кратко видео.
„Татко ми лежи на неврологија на интензивно, во кома е.
3 недели не смеам да го видам, не дозволуваат посета.
Секој ден одам и му носам течна храна.
Они бараат.
Денес одам таму и ечи турбо-фолк до даска од внатре!
Седнале сестри и докторот у сред соба меѓу пациенти галамат, се дерат ко у кафана.
Повторувам на интензивно каде што пациенти мораат да мируваат!!!Кога конечно после 10 минути ми отворија врата реков дека носам храна и прашав “Се извинувам, шо е со музикава”
Сестрата ме направи од гомно подоле,ми затвори вратата и урлаше. “Сеа до 1 ќе чекаш надвор”
Не ја зема храната.
Продолжи да се дере навредена од внатре и да му се жали на докторот од мене и моето прашање.
Намалија малку музиката и продолжија да се журкаат.
Чекавме 1 саат и никој не дојде,“ завршува Марковска.
Слушнете и видете и самите на следното видео:
