Живот

(Видео) Пoтpeснo свeдoштво на Ибин: Ги глeдав како yмиpaат, тaтко ми и брaт ми вриcкaa во пoжapот

Пoтpeснo свeдoштво на Ибин...

Синот од семејството Емшиу од селото Синичане, Тетово, раскажа за трагедијата која се случи на 8 септември кога во пожарот во ковид центарот ги загуби својот татко и брат. Иако во време на пандемија, вели дека не може да ги врати луѓето кои доаѓаат да изразат сочувство.

Ибин Емшиу раскажува за ТВ21 за најголемата трагедија во неговиот живот, кога пред негови очи ги изгубил неговиот 56 годишен татко и 28 годишниот брат кој бил неподвижен. Бил таму но не можел да им помогне и не можел да стори ништо кога избувнал пожарот.

„Ужас, ги гледав, гледав како горат во пожарот, излегов одзади ги видов татко ми и брат ми, врискаа! Само врисоците на татко ми, го гледав и не можев да помогнам. Не можев да реагирам бидејќи пламенот беше високо и никој не можеше ништо да направи, додека дојдоа пожарникарите и кога го изгаснаа пожарот, останат беше само пепел.“, вели Емшиу.

Ибин раскажа дека се грижел за нив од 5 септември кога се вратил од странство, вели дека дури и чаршави купил сам, бидејќи не ги менувале дури и кога ќе починел некој.

(Видео) Пoтpeснo свeдoштво на Ибин: Ги глeдав како yмиpaат, тaтко ми и брaт ми вриcкaa во пoжapот

„Јас во неделата дојдов од Италија и беа сместени таму се до трагедијата, медицинска сестра имаше секогаш, една или две, и немаа грижа воопшто. Побарав бели алишта, немаше, се купив сам, маски, ракавици, хигиенски препарати, покривачи, перници, се, бидејќи немаше ништо. Луѓето умираа и носеа пациенти без да ги сменат, видов со свои очи.“, рече Ибин.

Тој е сега останат сам во домот. Мајка му починала пред неколку години, од како што вели, лекарска грешка, а тврди дека и брат му, сега покоен, останал неподвижен поради лекарска грешка. Меѓутоа животот продолжува. Ибин апелира трагедијата која се случи во ковид центарот да не се гледа од политички аспект, туку од човечки и да има одговорност.

„Го молам Господ да излезе вистината на виделина, да одговараат пред законот, и со душата пред Господ. За некој што гледа, болка е, но некому му е изгорена душата, две жртви во едно семејство каде остана само еден член, тоа воопшто не е лесно, некој ова го гледа од политичка страна дека се случила трагедија иако не треба да се случуваат вакви работи, но се случуваат.“, рече Емшиу.

Трагедијата од 8 септември им го одзеде животот на 14 лица. 12 од жртвите биле заразени со со корона вирус а две биле роднини кои се грижеле за своите блиски кои биле хоспитализирани во ковид центарот во Тетово.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:15 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.