Македонија

ВИДЕО: Панчевски бара 50 илјади евра отштета од Општина Центар поради уривање на доградбата

Ceмејството Панчевски ќе бара отштета од Општина Центар во висина од 50 илјади евра поради уривањето на два ката доградба, за кои Општината тврдеше дека се дивоградба. Штетата нема да ја плати градоначалникот Жерновски кој постапуваше незаконито, туку, за жал, граѓаните на РМ, вели адвокатот на Панчевски, пренесува 24 Вести.

Семејството на претседателот на Кривичниот суд доброволно ги урна катовите, а дали ќе продолжат со градба, ќе одлучат по завршување на судската постапка.

„Со оглед на тоа што инвеститорите беа принудени да постапуваат по вака незаконитото решение односно жалбата не го одлагаше извршувањето како и притисокот кој беше наметнат од овластените лица од Опоштина Центар изразен преку јавни повици на фирми за уривање на наводната дивоградба односно јавни повици за аисистенција од МВР за постапување по истите решенија инвеститорите претрпеа штета која е утврдена со градежно-техничко вештачење“, вели адвокатот Благоја Пеповски

Од Општина Центар, пак, велат дека ќе постапат според решението на Второстепената комисија, но дека повторното отворање на постапката ќе значи потврдување на решението за уривање.

„Второстепената комисија не навлегувајќи во суштината на проблемот, не навлегувајќи и не одлучќиувајќи дали тоа е дивоградба или не е правно формално наоѓа забелешки на донесеното решение. Како пример би ги издвоил дека се наведени само имотни листови, а дека не е наведена катастарската парцела, не е установена сосптвеноста која што општината ја има утврдено кога го издала решението за одобрение за реконструкција“. – Изјави Кочо Стојчевски

Семејството на Панчевски веќе ја постави таканаречената плоча на срамот на нивната зграда. Покрај тоа тие на новинарите им поделија и маички со истиот натпис.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:56 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.