Занимливости

ВИДЕО: ОВА Е ЕЛЕКТРИЧНОТО АВТО ШТО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВО МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ЧИНИ САМО 24.999 ЕВРА

На настанот во ТИРЗ Тетово денеска беше претставен моделот на електричното e. WAVE. X при што по потпишувањето на договорот беше истакнато дека станува збор за инвестиција која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. Вакво целосно производство на електрични автомобили се реализира за прв пат во Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, министерот за финансии Фатмир Бесими нагласи дека големите инвестиции имаат ефект на снежна топка.

-Брендовите привлекуваат локално и нови инвестиции, како странски, така и домашни. Тие креираат нова вредност, го јакнат извозот преку промената на неговата структура кон производи со поголема додадена вредност, креираат нови работни места и влијаат кон забрзување на економската активност и економскиот развој. Нашата определба како Влада е да ги поддржиме и промовираме странските инвеститори кои ќе можат да го обезбедат овој ефект и кои пред сè ќе донесат придобивки за нашите граѓани, домашните фирми и економијата”.

На настанот се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој говореше за придобивките од инвестицијата, нагласувајќи дека со оваа мултимилионска инвестиција на компанијата e.GO во ТИРЗ Тетово каде за прв пат ќе почнат да се произведуваат електрични возила во Северна Македонија, започнува нова ера во делот на странските инвестиции, но и за граѓаните за користење на електрични автомобили.-Истовремено оваа инвестиција ќе донесе нови технологии и знаења од автомобилската индустрија кои ќе бидат значајни за развој на индустриското производство. Фабриката ќе придонесе и кон зајакнување на извозот“.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во своето обраќање на настанот истакна:

-На почетокот на мандатот ветивме европски работни места и можности за младите. Во компаниите во ТИРЗ, од почетокот на годинава имаме нови 1.100 работни места. Компанијата e.GO ќе исплаќа просечна бруто плата од 1.340 евра. Ме прашуваат зошто Тетово? А зошто да не, и Тетово е Северна Македонија. И нема да ги делиме луѓето на наши и ваши, сите се наши. Но за мене клучното прашање гласи дали сакаме нашите деца да земаат три пати поголеми плати и да живеат во напредно општество или да бележиме рекорди на иселување. Со ваквите проекти им обезбедуваме иднина дома“.

Што се однесува пак до цената, во Македонија се уште не е познато за колку пари ќе се продаваат овие автомобили, но на официјалната страница на e-Go-Mobile, почетната цена на моделот e. WAVE. X е 24.990 евра. Може да се направи и резервација за 50 евра.

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.