ЗабаваМакедонија

(ВИДЕО) Осветлувањето во Карпош се вклучува денски, а се исклучува навечер: Ако плаќаме, како нема пари и се штеди?

СТЕВЧЕ ПИЈАН ГО ПАЛИ ТВРДИ КРИСТИЈАН ЛАНДОВ ОД А1 ОН

Уличните светилки во Карпош светат уште пред надвор да биде стемнето, а се исклучуваат по полноќ. Ова дополнително ги подгреа реакциите на жителите, кои остро реагираа што градоначалникот Стевчо Јакимовски реши преку исклучување на осветлувањето да штеди енергија. Со подолгото траење на денот, светлата се вклучуваат и 40 минути пред да падне мрак. Ваква е сликата низ Карпош повеќе од половина месец. Жителите коментираат и додека шетаат низ нивните маала. Според нив ова не е домаќинско работење, а најмалку штедење, кога светла има преку ден, а се исклучуваат навечер, кога е целосен мрак

(ВИДЕО) Осветлувањето во Карпош се вклучува денски, а се исклучува навечер: Ако плаќаме, како нема пари и се штеди?

Во неколку наврати досега, граѓаните на социјалните мрежи се бунтуваа по одлуката на градоначалникот Јакимовски со тајмери да ги гасне уличните светилки. Но тој, смета дека тоа што го прави е правилно и ја продолжи праксата. Штедењето на Јакимовски нема да донесе пониски сметки за карпошани, туку тие плаќаат иста сума, а не добиваат услуга.

„Правата слика е од ЕВН, втората е од Карпош 4 во 01.30 часот. Не ми е јасно ако секој од нас плаќа улично од сметка, како тоа општината нема пари и штеди? Што би рекле народно, кај се парите лопови?“, коментира жител на Карпош 4.

Жителите на оваа општина велат дека со исклучување на уличното осветлување, не се чувствуваат безбедно. Тие стравуваат и за безбедноста на своите деца, кои доцна се враќаат дома, а минуваат низ темни улици.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.