СветСпорт

ВИДЕО: Обилните дождови во Букурешт создадоа проблем пред мечот Македонија-Австрија

Од 8 јуни македонските фудбалери веќе се во Букурешт и тренираат, а дури денеска Австријците одлучија да допатуваат во романскиот главен град.

Обилните дождови во Букурешт создадоа голем проблем ден пред натпреварот, бидејќи теренот е толку натопен што топката едвај се движи.

Поради големото невреме и сета вода на Националната Арена во Букурешт, новиот тренинг на македонската А репрезентација е одложен за подоцна.

Видеото кое се појави на социјалните мрежи покажува колку вода има на теренот, поради што и тренингот на Австријците беше одложен, а останува да се види во каква состојба ќе биде стадионот во текот на утрешниот ден од 18.00 часот кога ќе се сретнат Македонците и Австријците.

Во групата „Ц“ се и селекциите на Холандија и Украина кои својот меч ќе го имаат од 21.00 часот во Амстердам.

Видеата погледнете ги ОВДЕ и ОВДЕ



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 10:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.