МакедонијаТОП

(ВИДЕО) Групно фаќање на крстот во Скопје-капачите се откажаа од материјалните награди, Taче и Данела домаќини на нивоу

По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин во Скопје денеска се одржа традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст.

Можеби е цртан на текст

Церемонијата во Скопје, на положување на светиот крст во осветените води на реката Вардар, чин што го направи поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија Господин Господин Стефан, резултира со групно фаќање на крстот.

Во Вардар влегоа 30-ина учесници, кои по изведувањето на чинот рекоа дека сами ќе го вратат крстот во црква за здравје, бериќет и благосостојба на сите во земјава и дека се откажуваат од материјалните награди.

По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, годинава продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води, во организација на Скопската православна епархија при МПЦ-ОА.

Одбележувањето на празникот почна со Златустова литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица од 9 часот, со која богослужеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по што во 11 часот литијата од храмот се упати до мостот „Слобода”.

Празникот Богојавление се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.




Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.