Македонија

(Видео) ГРАБЕЖ НА СКОПЈАНИ: Макекспрес и Слобода превоз пет години не пријавиле ниту еден продаден билет – Го оштетувале буџетот за 400.000 ЕВРА СЕКОЈ МЕСЕЦ!

Ленин ајдукот?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција ги демантираше сите манипулации и ги разоткри сите криминали на Макекспрес и Слобода превоз кои се случувале во изминатите пет години.

– Поради тоа што голем број на манипулации и шпекулации имаме во јавноста изминатите денови, ја си разбирам која е потребата на овие лица кои што ги пласираатовие шпекулации во јавноста за да можат да се исперат, мешутоа тоа не значи дека не треба јасвноста детално да ја запознаеме со тоа што се случува изминатите денови, месеци и години во Градот Скопје и во ЈСП.

Морам да кажам дека дел од лажните вести кои беа пласирани во јавноста ги појаснивме на минатинатата прес-конференција, но затоа што продолжја континуирано за да може да ги прекинеме манипулациите кои се пласираат во јавноста од поединци за заштита на својот личен интерес, денеска сме тука да елаборираме што конкретно се случува и кој е предизвикот кој го има ЈСП, особено во делот на тоа што беше истакнато во јавноста изминатите неколку денови во предизвикот со приватните превозници.

Јавноста мора да ги знае вистинските причини за привидот на наводниот хаос кој се предизвикува во сообраќајот, кој некој намерно го предизвикува, а таа намера денеска сме тука да ја разобличиме.

Ќе се обидам да го објаснам системот на функционирање на ЈСП и приватните превозници за да може вкупната јавност да дознае за што всушност се работи.

ЈСП склучува договори со приватните превозници, во случајов тоа се здруженијата Макекспрес и Слободен ревоз кои што застапуваат приватни превозници, врз основа на кој ЈСП има обврска да им исплаќа на приватните превозници по едно евро, а сега по зголемувањето на дериватите во скоро 1,5 евра од извзен километар.

Оваа обврска чини месечно околу 24 милиони денари по една ставка од она кое тие предвидуваат дека ќе го испорачаат. Тие согласно член 5 од договорот имаат обврска продадените билети да ги валидираат со фискална сметка, да ги потврдат во интегрираниот систем на ЈСП Скопје. Кога ќе го направат тоа од вкупната сума кја ЈСП Скопје им ја должи за секој изминат километар, се одбива сумата која ја наплатиле од продадените билети.

Јас можам само да истакнам жалење што морам да ги разочара дека ниту Град Скопје ниту ЈСП нема да биде дел од криминал кој се одвива од 2017 година. Ние отпочнавме со ревидирање на процесите, не секогаш можеби сите податоци се за во јавност во моментите кога се одвиваат сите овие ревизии, меѓутоа затоа што оваа тема се дигна премногу високо, верувам дека е неопходно сега да се образложи. Она што ќе се случува понатаму, податоците кои ќе ги собереме ќе ги поднесеме по финалниот ревизорски извештај.

Имено она кое е евидентно од аналитичките картички, со кои е евидентирано финансиското работење кое произлегува од договорот со организаторите на приватниот превоз, Макескпрес и Слобода превоз, истите о д крајот на 2017 година досега немаат пријавено во продажба ниту еден продаден билет во автобусите. Иако пријавувале дека возеле околу 400 000 километри за еден месец, и за ова пресметувале по едно евро за извозен километар кој го фактуриреле во ЈСП, а во меѓувреме од 2017 до 2022 година не пријавиле ниту една продадена карта во автобус на Слобода превоз и Макескпрес.

Наједноставно, наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале , се ставале во нечиј џеб најверојатно, а потоа фактурирале од ЈСП по 400.000 евра од ЈСП секој месец и оваа шема трае цели 5 години, последното добивање на информација дека е продаден билет е на крајот на 2017 година.

Како што може да се види од аналитичките карти, доказ дека ова се случувало е дека од 2017 година одбивале да добавуваат, не само карти и фискализираат сметки, со тоа што сите средства кои ги добавувале завршувале некаде, но никој не знае каде. Уште поголемо е оштетувањето за сметка на она, наместо да се плати разликата којашто ја наплаќале од граѓаните, тие ја наплаќале полната сума, што значи не пријавиле ниту еден продаден билет.

Верувам дека треба многу е конкретно прашањето и треба да се одговори каде се овие пари, затоа што ова се пари на граѓаните кои ги даваат за да имаат квалитетна услуга и истовремено дупло ги побарувале истите средства од ЈСП со што го оштетувале буџетот.

Ова е сериоза затаја на данок кој не е платен за овие изминати пет години и е нешто кое што не смее во ниту еден случај да се дозволи.

Каде завршувале овие пари кои Слобода превоз и Макекспрес кои требало да се пријавуваат секој месец во ЈСП и УЈП, доколку за 5 години не пријавиле ниту еден билет?

Она кое што е многу јасно е дека верувамд ека сите знаете дека за тие билети се наплаќало, тие не ги возеле патниците без да наплатат. Целата сума од 400.000 евра била фактурирана во ЈСП.

И ние излеговме и со картички кои докажуваат како во изминатите месеци редовно соглансо утврдената динамика со годоворот тие нивни фактури си биле исплаќани.

Понатаму од Слобода превоз и од Макекспрес на кој начин им се распределувале овие средства, на кој начин се наплаќале ние увид немаме, со тоа ќе треба да се бават надлежните иснтитуции едонвремено кога ќе треба да разгледата каде отишле овие средства сите овие години.

Веруваме дека најголемиот дел од сопствениците членови на овие две здруженија се чесни луѓе. Ние комунициравме со дел од нив кои се чесни луѓе и заработуваат за леб, ама некои оваа нивна позиција ја злоупотребува прво за политички цели, а потоа за прикривање на сопствениот криминал.

Да затаите приходи од 200 фо 300.000 евра секој месец, пет години се милиони евра пари на граѓаните кои некој си ги ставил во џеб.

Не е ни чудо што во изминатите години ЈСП е девастирано и ние да мораме да го консолидираме сега, а некој да ги користи судбините на овие луѓе за личен бенефит и да го прикрие она што го правел и да воведува политичка компонента и хаос во градот.

Морам да кажам дека злоупотребите нема да бидат премолчани, со постапување на институциите овие злоупотреби ќе се спречат што ќе резултира со соодветни постапки откако ќе заврши ревизорскиот извештај.

За оние кои злоупотребуваат и злоупотребувале да не шпекулираат, во Град Скопје покрај тоа што ќе возат автобусите на ЈСП, кои возат според стандарди, се изготви и јавен повик каде што на секој од сегашните поединечни превозници ќе му биде понудено директно да си аплицира, да си добие линија и да си работи чесно за да може да се обезбеди соодветен јавен превоз. Сакам сите манипулации кои над десетина милиони евра ставија во џеб да ги демантирам.

Ќе возат овие луѓе кои се борат за корка леб, ама ќе работт чесно, со фискални апарати и ќе работат директоно а не преку овие кои ги злупотребувале изминатите пет години.

Криминалот и корупцијата на оние кои злоупотребуваат нема да наидат на поддршка во Градот, очигледно оваа држава и Градот се толку богати кога некој си дозволувал во изминатите години толку добро да го оштетува буцетот на граѓаните.

Ќе расчистиме со сите кочничари на градот, ЈСП ќе се консолидира, с еспроведуваат реформите кои се во насока на прилагодивање на стандардите и се движиме кон трајно решавање на проблемите со јавниот превоз.

Со уцени ние не работиме и нема да попуштиме, не сме попуштиле на посилни од овие двајца луѓе што си полнеле џебови, вели Арсовска.

ЛИНК од видеото



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.