Црна Хроника

(Видео) Големи пари од Еуростандард банка завршија кај струмички бизнисмен, тpaгот на парите не може да се сокрие

Ристо Крмзов е бизнисмен од Струмица за кој се шпекулира дека е исклучително близок до премиеро Зоран Заев, токму кај овој човек Трифун Костовски тврди дека завршиле големи пари од Еуростандард банка во своето гостување во Инфомакс.

Според него иако за Еуростандард банка немаме конкретно информации бидејќи банката е веќе згасната, траго парите не може да се сокрие, земајќи ги во предвид и парите кои завршиле на сметките на бизнисменот Ристо Крмзов.

-Факт е дека Крмзов како правно лице има многу фирми и тука беше целата проблематика која мене ми делуваше чудно. На неговите вработени им се одобруваа кредити како физички лица за купувања на станови, а воедно и тој ги користеше кредитните линии до даска на преку 10-тина, 15 негови фирми, дел трговија, дел занаетчиство, дел градежништво, значи имаше човекот многу големи фирми. Дали е близок до Заев не можам да кажам, но во моментот кога настапи промена во управниот одбор јас можеби 20 пати му ѕвонам да се видиме да поразговараме, ниту ми крена телефон, ниту ме удостои со било каков одговор. Барав да видам до каде е работава зошто е тоа така, да најдеме договор како во даденава ситуација од банкарски аспект и тој нам ни помогне како што ние му помагавме. Бидејќи имаше многу фирми, таму каде што беше изложеноста многу посилна таму беше регуларен плаќач, а таму каде имаше хипотекарно ниски покритија беше лош коминтент. Тука е играта која сакам да ја посочам, големи пари се однесени кај неговите фирми, каде завршиле тие пари. Трагите на парите не можат да се сокријат, вели Костовски.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.