Македонија

(Видео) Да се знае кој носи пантолони: Ахмети одговори на прашање поставено до Ковачевски – Во криза ќе функционираме како досега!

t

 

Политичкиот дијалог со опозицијата треба да биде во рамки на демократските избрани институции околу прашањата од национален интерес, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со барањата на опозицијата за предвфремени парламентарни избори.

Легитимно право е на опозицијата да ги користи сите демократски средства за политичка борба со власта. Меѓутоа, уцените за предвремение избори и блокадата на законодавната власт ги оценуваме како „неразумни“ во најлош тајминг и портив интересите на оваа држава, кажа Ковачевски.

На новинарско прашање за тоа како ќе функционира оваа држава во случај на голема политичка криза и зошто не се нуди решение, премиерот Димитар Ковачевски кога почна да го одговара доби помош од лидерто на ДУИ, Али Ахмети кој кусо кажа „Како до сега!“.

Прво ќе ви кажам како ќе функционираме…“, вели Ковачевски, на што лидерот на ДУИ, Али Ахмети додаде „Како до сега!“.

По ова премиерот Ковачевски го повтори истото, по што присутните на заедничката прес-конференција започнаа да се смеат. Во тој момент Ковачевски дополни, дека се донесени мерки за справување со кризите.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.