
Познатиот јутјубер Чода, низ видео покажа дел од хотелот во Катар каде што престојуваа српските фудбалери за кои заврши Светското првенство (СП), откако беа елиминирани од репрезентацијата на Швајцарија.
Од видето се гледа дека базата на Србија била како „хотел промаја“, односно секој можел да влезе и да си прави селфи со играчите, потоа да руча заедно со избраниците на Пикси и тоа да го прави без никој ништо да го праша.
Покрај обичните луѓе кои си влегувале во хотелот кога и како сакале, тука постојано биле и познати естрадни фаци од таа земја, кои престојувале во хотелот како да тоа е нивна база.
