Некатегоризирано

(ВИДЕО) Арсовски: До кога граѓаните ќе треба да плаќаат за луксузот на семејството Заеви?!

СДСМ молчи за најголемиот грабеж со испумпување пари од државата преку струмичка агенција за обезбедување.

21 милион евра се извадени од буџетот за две години, при што плаќани се услуги за обезбедување и двојно поскапо од претходни години кога истите институции користеле вакви услуги. Според доказите кои ги презентиравме и документите објавени на страна на Бирото за јавни набавки, постои огромен сомнеж дека така испумпаните пари од универзалниот снабдувач на струја и неколку државни компании завршиле кај семејството Заеви и СДСМ, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

(ВИДЕО) Арсовски: До кога граѓаните ќе треба да плаќаат за луксузот на семејството Заеви?!

Заев целиот начин на работа од Струмица го префрли на ниво на цела Македонија. Дали шемата „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ стана државна пракса, па сега милионите завршуваат во нивните џебови?! Заради желбата за пари на едно семејство од Струмица, цела Македонија плаќа поскапа струја. До кога граѓаните ќе треба да плаќаат за луксузот на семејството Заеви?! Кога во цел регион, но и во остатокот од Европа цената на струјата се намалува, кај нас во Македонија истата се зголемува, за да се задоволат бизнис апетитите и апетитите на семејството Заеви. Бараме веднаш и без одлагање да биде укинато покачувањето на цената на електричната енергија.

Тој истакна дека Македонија не е должна да плаќа за туѓи бизнис интересите.

Воедно, бараме од ЈО, Антикорупциската комисија, регулаторните тела и сите останати да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување на државни пари, во спротивно и тие ќе бидат соучесници, подвлече Арсовски.

Македонија

Заболени
30,488
+930
Мртви
982
+5
Излечени
20,448
Активни
9,058
Last updated: 31/10/2020 - 02:41 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.