Македонија

(ВИДЕО) АНКЕТА НА ТЕЛМА И МЦМС: РЕЧИСИ 40 ПРОЦЕНТИ ОД ГРАЃАНИТЕ ТРАЈНО БИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Дури 39,2 проценти од македонските граѓани трајно би се иселиле од државата. Ова го покажа новата анкета на Телевизија Телма и МЦМС спроведена телефонски од „М-проспект“ на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. На трајно иселување најмногу размислуваат младите. Дури 61 отсто од младите на возраст меѓу 15 и 24 сакаат трајно да се иселат додека 92 отсто од оние над 65 години сакаат да останат во Македонија. Но специфично е и што на иселување размислуваат во голем процент и оние на возраст од 35-54 години, а тоа се старосни групи кои го опфаќаат речиси сиот работоспособен потенцијал. Гледано по етнички параметар, 31 процент Албанци би се иселиле додека кај Макеоднците процентот е повисок, би ја напуштиле државата дури 40 проценти од нив. Како причини за напуштање на Македонија кај дури 50 проценти од испитаниците доминираат две причини – животен стандард и можноста да се најде работа во странство. Индикативно е што речиси 15 проценти рекле дека би се иселиле поради политичката состојба

Анектата покажа дека со подготовки за исeлување во 2017 година започнале речиси 8 проценти од испитаниците, што преточено во бројки на ниво на држава тоа значи дека годинава околу 160.000 граѓани веќе започнале со подготовки за напуштање на Македонија.

Целиот текст можете да го прочитате тука



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.