Македонија

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Со Груевски бевме да го посетиме Елвис ама не не пуштија, болницата е под диктатура!

градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, денеска по два дена од тепачката во која беше повреден излегол од болница, кажа неговиот татко Амди, во интервју за ТВ Нова.

Неговиот татко, Амди Бајрам рече дека не бил задоволен од лекувањето во болницата и додаде дека синот ќе го лекуваат во домашни услови, бидејќи, како што рече, сè уште бил во лоша здравствена состојба.

– Сега пред еден саат го извадив од болница, со потпис на Елвис Бајрам, како родител барав да го тргнам од таа болница, затоа што таа болница под диктатура работи. Затоа што вчера јас бев со Никола Груевски на посета, не не пуштија да го посетиме, да го видиме таму. Мојот син и Никола Груевски. Значи, тотална тортура се работи, тотално договарано е со полиција – рече Бајрам.

Инаку, Елвис Бајрам заработи прекршочна пријава во врска со тепачката.

„Прoтив oсум лицa се пoднесени прекршoчни пријaви зa нaрушувaње нa јaвен ред и мир сo иницијaли Ш.Д., Ф.Ф., Ј.С., Х.А., Х.М., Х.И., Е.Б., и А.М.“, соопшти министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски.

Тој најави кaзни зa секoј кoј ќе се oбиде дa јa злoупoтреби пoлицијaтa зa пoлитички цели.

„Мојот став за денешните пријави е дека тоа е неправилна политичка одлука“, изјави лидерот на Сојузот на Ромите и татко на градоначалникот на Шуто Оризари Елвис кој беше претепан во населбата, Амди Бајрам во вестите на ТВ Нова.

Тој додава дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не си ја извршил својата работа како што треба и дека ова е сценарио директно од МВР, Социјалдемократскиот Сојуз и Шуто Оризари.

Видео – ТВ Нова



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.