Балкан

(ВИДЕО) АДРИЈАНА КЕШ ЈА ИМИТИРА АНА НИКОЛИЌ ЗА ГРЕОТИЧКА

Фолк-пејачката Адријана Ацевска, позната како Адријана Кеш, и музичарот Бока Рафинерија ја снимија заедничката песна, „Пали – гаси“. Песната е во аренби стил, поразлична од она што досега го снимаше фолк-пејачката. На социјалните мрежи коментираат дека овој стил одлично ѝ прилега на Адријана, а дека таа и Бока потсетуваат на српските музичари Ана и Раста.

„Адријана како да ја имитира Ана Николиќ или ми се чини“, стои во коментар на „Твитер“.

Адријана и Бока на снимањето на спотот

 

Бока Димитров е автор на музиката и текстот, аранжманот го направи Роберт Билбилов, а видеото за песната го сними „ДРД медија“ во режија на Драган Ристовски – Дац.

Ова е прва соработка на двајцата музичари.

Текстот (Видео) Адријана Кеш ја имитира Ана Николиќ е превземен од Reporter.mk.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.