Македонија

ВЕЛИНОВСКА Ако се откажеш од македонскиот народ, кое ти е гласачкото тело, Никола? (ВИДЕО)

Шокантни критики на Мирка Велиновска за кампањата на Никола Груевски во шоуто на Миленко Неделковски, кое сега се емитува „илегално“, на Јутјуб.

Ако се откажеш од македoнскиот народ, кое ти е гласачкото тело, Никола Груевски?

Ова е шокантната порака, со која Мирка Велиновска „класната“, во шоуто на Миленко Неделковски, кое сега се емитува само на неговиот канал на Јутјуб, остро ја критикува кампањата на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

Мирка и МИленко предвидуваат дека странскиот фактор, кој ја држи Македонија „под окупација“, никако нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да победи на локалните избори. За тоа тие го обвинуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски.

Интересно е дека обајцата тврдат дека се под цензура, дека веќе немаат простор во македонските медиуми и во знак на протест, на ракавите носат ленти со македонското знаме.

Во знак на поддршка на нивната борба против цензурата, ви предлагаме да изгледате едно мало парче од интервјуто што го преснимивме, а целото побарајте го на Јутјуб каналот на Миленко, преку неговиот портал Дудинка.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.