Македонија

Велешката фабрика се вклучува во изборот на Бојко Борисов?

Вкупно 9.839 евра. Толку платиле две веб страници за реклами на Фејсбук во корист на премиерот Бојко Борисов  за нешто помалку од три месеци. Интересно е што меѓу модераторите на страниците има и Македонци.

По скандалите со политичките реклами при изборот на Доналд Трамп и околу Брегзит, Фејсбук ја лансираше алатката „Библиотека со реклами“. Во неа може да се идентификува какво било изборно, политичко или национално рекламирање и може да се види кој платил за тоа. На овој начин Фејсбук не е одговорен за содржината, но ги зема парите за рекламирање.

Така , веб страницата „Победник“ @ Vozhda2021 се најде  на шестото место во Бугарија според парите потрошени за политичко рекламирање во последните три месеци со сума од 3.305 евра. Основана е на 29 октомври 2020 година. Четворица од луѓето што ја водат страницата се наоѓаат во Бугарија, а двајца – во Северна Македонија. Тие избраа да не им се гледаат имињата на социјалната мрежа. Сите објави се состојат од фотографија на премиерот Бојко Борисов со текст – слоган до неа, како на пример „Можеш да запреш при успон, но не и кога паѓаш“. Во делот „информации“ стои дека зад објавата стојат  „Граѓани за демократија и европски пат на Бугарија !!“.



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 07:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.