Црна Хроника

ВЕЧЕРВА: Нападнат и повреден синот на Зеќир Рамчиловиќ

Нов напад во парк шумата Гази Баба се случил вечерва, а нападнатиот е синот на Зеќир Рамчиловиќ, дознава Вечер.мк од полициски извори.

Рамчиловиќ јуниор бил со девојката кај рампата кај парк шума Гази Баба.
Напаѓачите ги нападнале со палки.
И возилото со кое дошле е ограбено, Рамчиловиќ јуниор е повреден, а тој со девојка му, двајцата се пренесени во Ургентен центар на укажување лекарска помош, по што се пуштени на домашно лекување, велат извори од МВР за Вечер.мк.
Зеќир Рамчиловиќ  е македонски историчар, публицист и пратеник во Македонското Собрание во составот од 2016 година и потпретседател на Собранието од ноември 2019.

Пред два дена, триесетгодишен скопјанец бил прободен и ограбен кај рампата за влез во парк-шумата Гази Баба.

При нападот, на нападнатиот му била украден професионален фотоапарат.

На 02.01.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје И.Н.(30) од Скопје пријавил дека на 01.01.2022 околу 23.00 часот, пред рампа за влез во парк-шума „Гази Баба“, четири лица му одзеле јакна и ранец со професионална опрема за фотографирање, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреда  информираат од МВР.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.