Колумни

Уставниот суд да оцени дали Иванов е трајно или привремено спречен да ја врши функцијата

Бранко Героски

Членот 79 од Уставот пропишува дека Претседателот на Република Македонија „своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите“. Со своите одлуки за (не)доделување на мандатот за состав на новата влада, претседателот Ѓорге Иванов излезе надвор од рамките на своите уставни и законски овластувања, постави услови какви што никаде не се пропишани (61 пратенички потпис за доделување на мандатот), си зеде слобода да ја прифаќа или да ја отфрла програмата на идната влада и со тоа го отфрли резултатот од последните парламентарни избори и спроведува претседателски пуч.

Јас се сомневам дека постојат околности поради кои ваквото поведение на претседателот Иванов не е од незнаење (тој е сепак професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“), туку последица на привремена или трајна спреченост да ја врши својата функција согласно со Уставот и со законските овластувања. Се сомневам дека Иванов е под политички притисок и под уцени и поради тоа е неопходно да се покрене процедура според членот 82 од Уставот.

Овој член предвидува: „Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.
Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност. Во случај на спреченост да ја врши функцијата, Претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието“.

Во јули лани, во врска со одлуката на Иванов за аболиција, НДМ на Јанко Бачев се обиде да покрене ваква иницијатива, но таа иницијатива беше одбиена на скандалозен начин, со одлука на секретарот на Уставниот суд. Без оглед на тоа, одлуката што тогаш ја донесе Иванов (а потоа ја повлече како кутре), сепак беше во рамките на неговите овластувања. Во случајов, неговото поведение излегува од рамките на уставните и законските овластувања и Уставниот суд мора да спроведе постапка согласно со членот 82 од Уставот.

16441291_151324982039524_362477050_n



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.