ЗанимливостиМакедонијаСпортТОП

УШТЕ ЕДЕН РУСИН ВО ПЕРИОД НА САНКЦИИ СЕ СТЕКНАЛ СО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО?

пак ке избие курцшлус како Онишченко

Нема достапен опис

УШТЕ ЕДЕН РУСИН ВО ПЕРИОД НА САНКЦИИ СЕ СТЕКНАЛ СО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО? – [ ] Иако изминатиот месец Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, изјави дека се уште се актуелни препораките до меѓународните федерации да не им дозволуваат на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат на нивните натпревари. Учте на 28 февруари, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача меѓународните спортски федерации да ги спречат руските спортисти да учествуваат на натпревари поради ситуацијата во Украина меѓутоа веројатно за Македонија тоа не важи. Имено се работи за Виктор Плицев кој како што тврди нашиот извор и според меѓународните бијатлон информатори во период на санкции кон руските спортисти веројатно преку македонската бијатлон федерација се стекнал со македонско државјанство со цел да ја претставува Македонија во овој зимски спорт.

Познато е дека пред одреден период настана конфликт меѓу скијачката и бијатлон федерација, па со оглед на тоа што оваа новоформирана бијатлон федерација се уште не може да се пофали со некое звучно име кое би било конкурентно во меѓународните натпревари, челните лица веројатно се одлучуле да ја искористат кризата во Украина и кога веќе на руските спортисти им е забрането да учествуваат во спортски настани под руското знаме, ќе може тоа да го направат под македонското. Нашиот информатор тврди дека и други веќе изградени бијатлонци се во процес на македонско државјанство меѓутоа сеуште нема доволно информации дали и други лица веќе се стекнале со македонски пасош. За овој случај со делење на македонски пасоши се обративме и до агенцијата за млади и спорт меѓутоа сеуште нема одговор од институцијата која ја промовира оваа федерација.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.