Македонија

Уште два дена да се кандидирате за претседател на СДСМ и Зајо со местенка да ве прегази

Уште два дена да се кандидарате за претседател на СДСМ

СДСМ информира дека процесот за првите внатрепартиски избори е веќе во тек, а повикот за поднесување кандидатгури за избор за претседател на СДСМ трае уште два дена.

Остануваат уште два дена, согласно предвидениот роковник, односно до петок, 26.02.2021 година во којшто сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите може да се пријават, пишува во соопштението од партијата.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот за член на некој од органите на партијата. Детални информации, за критериумите, роковникот и постапката може да се преземат од официјалната интернет страница на СДСМ (https://sdsm.org.mk/izbori ).

СДСМ постојано докажува дека е прогресивна модерна европска партија, а процесот за избор на претседател ќе биде реализиран по највисоките демократски и организациски стандарди.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.