Удбашката Мирка е разочарана од власта. Да ја апселе Катица место што се помочувале во гаќи од неа
Ви пренесуваме дел од колумната на Мирка Велиновска за „Дневник“:
Во светлото на синоќешните настани поврзани со МВР поради кои морав одново да ја пишувам оваа колумна во цајтнот, имам да го кажам следново: алаткиве од кенгурскиот ад хок-трибунал наречен СЈО, кој работи вонуставно како англоамериканско терористичко дувло на територија на државата Македонија и ги следи „законите“ на варварите окупатори кои под присила ги прифатија актуелните политичари во земјава, ноќеска се обидоа да изведат нов преврат.
Молам убаво!
Немој некој и сега да се прави мутав или ни да глуми наива.
Kолку и да е некој црпнат, специјален, штрапан или глуп и неписмен, разбира барем толку дека има работи што не поминуваат незабележано од здравиот разум и логиката.
Затоа овој напад врз државата Македонија, врз уредено, организирано и функционално општество, едноставно мора да биде строго казнет. Жестоко и по список на одговорност.
Kој не е способен тоа да го стори или од страв моча во гаќи, веднаш вонка од институциите. Оваа калакурница во која е внесена државата и стана животно секојдневие за нејзините жители напросто мора да престане сега.
Веднаш!
