Да не станеа актерки, некои од славните убавици можеби би можеле да изберат кариера на супермодели, а ние издвоивме десет кои што таа титула и тоа како оправдано би ја носеле.
Овие убавици имаат и харизма, став и тоа што е потребно за да се истакнат во индустријата на забавата.
Џејн Фонда и на 83 години изгледа фантастично и е вистински доказ дека во здравото тело е и здравиот дух затоа што славната оскаровка изградила кариера и на фитнес тренер, а целоживотната грижа за фит тело и кондиција сигурно придонела во нејзиниот неуништлив дух и животен оптимизам.
А, со тоа и физичката убавина уште повеќе доаѓа до израз, а Џејн Фонда е една од оние убавици кои што лесно можеле да станат и супермодели.
И Анџелина Џоли, Шарлиз Терон, Моника Белучи и Софија Лорен, но и други актерки се на листата на убавици кои што го имаат тој „икс-фактор“ што ги истакнува меѓу славните убави жени и можеме да ги замислиме како најбарани супермодели и владарки во модниот свет.
Ова е листата:
1. Џејн Фонда

2. Анџелина Џоли

3. Жаклин Бисет

4. Шарлиз Терон

5. Моника Белучи

6. Елизабет Харли

7. Софија Лорен

8. Меган Фокс

9. Ајшварија Рај

10. Брук Шилдс

