Ставот на Goran Milevski по однос на францускиот предлог е добар и заслужува поздрав…
Но, колега и пријателе Горан Милевски,
доколку сепак Владата не те послуша тебе/вас и одлучи да прифати погубен документ по македонскиот национален идентитет, а со кој документ секако никогаш нема да станеме член на ЕУ, имаш на располагање еден државнички инструмент, да ја повлечеш поддршката на Владата….
Да те потсетам, доколку стоите на позициите за зачувување на националниот идентитет, достоинството, засебноста на македонскиот народ и јазик, нема цена што е скапа за да се спасат тие работи…
Ве повикувам заедно со колегите Павле Трајанов и Маја Морачанин, да ја заштите македонската држава, народ и јазик од срамот кој и се спрема без знаење на Собранието на Република Македонија и јавноста пошироко…
