Црна Хроника

Уапсен со кокаин активист на СДСМ

Во полициска акција уапсен е Даниел Дандо Димитровски од Куманово, приврзаник на СДСМ и лице блиско до структурите на власта.

Димитровски е уапсен со кокаин и изведен пред судија на претходна постапка.

Од полицијата го потврдија случајот.

„На 22.10.2020 во 20,30 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово при извршен преглед кај Д.Д.(28) од Куманово бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица, извршен бил разговор по што била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор“, информираа од МВР.

Неговата блискост со високи функционери на власта ја покажува оваа  фотографија, на која Димитровски е во друштво со градоначалникот на Куманово, Максим Димитровски, директорот на ЈП Водовод-Куманово Горан Стојковски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Стојанче Величковиќ началник на СВР Куманово.
нет прес

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 18:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.