ЖивотТоп3

ТВ водителката Бојана Скендеровски му останала должна голема сума на пари на екс сопругот Огнен!

ТВ водителката Бојана Скендеровски му останала должна голема сума на пари на екс сопругот Огнен!

Огнен Чаловски  беше првиот сопруг на екс пејачката ,а сега водителка Бојана Скендеровски. Нивниот брак траеше само две години, а по разводот Бојана на Огнен му останала должна голема сума на пари,како и мебел од нивниот заеднички стан на Водно. Бојана и Огнен  се запознале во скопското кафуле “ Ориент“, беа во врска околу десет месеци, а се венчаа во 2010 година. Тогаш ја основаа и фирмата „Дестио бело“ и отворија козметичко-фризерско студио.

-После свадбата, Бојана и Огнен многу се расправаа. Нејзе ја интересираа само пари. После големата кавга Огнен се исели од станот. Тој се жалеше дека неможе веќе да издржи со неа. Кога се исели не му дадоа ништо од скапиот мебел и многу лични негови работи кои ги добија на свадбата, дури ни точакот. Огнен се жалеше дека Бојана му останала должна и многу пари кои никогаш не му ги врати, а и го малтретираше и психички, – раскажува нашиот извор.

Тој додава дека  на Огнен бракот му бил хорор и дека кога завршила целата драма на Огнен му олеснило, станал друг човек.

-Огнен наеднаш се измени, од депресивен човек стана позитивен и почна повторно да комуницира со пријателите и со семејството.

Нашата редакција го исконтактира Огнен Чаловски кој ни ја потврди оваа информација.

Бојана  денес е премажена и има ќерка. Таа безуспешно се обидуваше да биде дел од естрадата, па по неколку години се откажа од пеењето. Се фрли во водителските води , но и таму не покажа резултати.

 

1tv.mk:



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.