Свет

Цукенберг: Лудост е да се каже дека Фејсбук помогнал во победата на Трамп

Основачот на Фејсбук Марк Цукенберг денеска ги демантираше медиумските написи дека таа социјална мрежа придонела за растот на популарноста на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, јави Би-Би-Си.

На трибина за новите технологии во Калифорнија, Цукенберг рече дека Фејсбук не треба да се смета за одговорен за такво нешто.

 cukenberg-2

– Идејата дека лажните вести на Фејсбук влијаеле на резултатот од изборите е многу луда идеја .Ако во тоа верувате, мислам дека не сте ја сфатиле пораката која симпатизерите на Трамп се обидоа да ја испратат на овие избори, истакна Цукенберг.

Според податоците, лажните приказни многу повеќе се споделувани на Фејсбук отколку делови од јавните дебати на кои учествуваше Трамп.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.