Македонија

ЦУК: Торнадо му се случи на Неготино

Торнадо му се случи на Неготино, вртлог, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА, по невремето што попладнево го зафати Неготинско и однесе неколку покриви од куќи, а блокиран е и пат помеѓу две села поради паднати дрвја.

-Нашите информации велат дека вакво нешто одамна се нема случено во Неготино. Тешки последици предизвикало невремето кое траело само дваесетина минути. Било со огромна јачина и два пати го менувало правецот. Северно, па југозападно и пак северно. Со себе носело делови од кровни конструкции, дрвја, бандери со ниско напонски дел и жици, уништени и  однесени биле лимени и пластични конструкции. Само уште пет до десет минути да потраело невремето, не дај Боже, би било вистинска катастрофа за Неготино, рече Горан Стојановски, раководител на Сектор за операции и координација при ЦУК.

Тој нагласи дека дополнително ќе се утврдуваат штети, меѓу другото и кај земјоделските култури.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.