Цeлтa e кoнтpoлa: Kpизнaтa cocтoјбa вo Македонија ќe ce злoyпoтpeби oд cтpaнa нa Заев
Палевски: 3aeв веќе се има откажано од Делчев и од истopијата
Во вечерашната емисија на Алфа, “Што не е јасно”, гостуваше Љупчо Палевски, каде истакна дека во моментов економската, односно здравствената криза во Република Македонија е во полн ек, а власта на Заев не знае како да се справи со ситуацијата. Целта на оваа одлука која што беше спроведена е да го умртви, односно да го ограничи движењето на македонскиот народ на цела територија
“Во недостаток на политика и знаење, нормално е да администрираат, меѓу другото, на овој начин со еден орган кој што е Советот за безбедност и да го употребат до максимум за да се умртви општеството со прогласување на вонредна состојба на цела територија. Значи ќе има огромен број на ограничувања, без разлика што премиерот Зоран Заев кажа дека сега за сега нема намера да го ограничи, меѓутоа многу работи кажал па не ги направил, па очекувајте после процедурава, Владата треба до Парламентот тоа да го реализира, таа вонредна состојба, т.е. кризна состојба и веднаш после тоа ќе се влезе дополнително во ограничување на движење итн, со што билатерланите политики како што е договорот со Бугарија на надворешната политика како што се евроинтеграциите, каде е спорот заглавен, ќе продолжат интензивно бидејќи таму не влијае никаква вонредна состојба, министрите тоа ќе го сработат. Значи го умртвува општеството и народот, административно го ограничува за евентуални пазарења, односно, она што се ветил и дал кога ќе влезе во постапка на реализација.” – Изјави Љупчо Палевски.
Бугарското вето е само димна завеса вистинскиот удар за Македонија ќе следува за неколку месеци, вели Љупчо Палевски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа. Според него македонските власти веќе си имаат откажано од македонската историја и Гоце Делчев, а сите овие настани кои сега се случуваат имаат за цел сочувување на премиерската фотеља на Бојко Борисов.
