Живот

Царство небесно – се упокои Андријана, ќерката на Јулија

Нашата позната пејачка и водителка Јулија, пред две години првпат проговори за болеста на ќерка си на која ѝ беше дијагностициран р ак на дојка.

Пред неколку дена со потресен статус потврди дека здравјето на Андријана повторно е влошено и побара сите да се помолат за нејзиното чедо.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина.. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија.

Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се’. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господи помилуј“, напиша таа пред три дена на „Фејсбук“.

Истиот ден за „Женски магазин“ Јулија откри детали за здравјето на ќерка си.

„Ја донесовме на Клиниката за онкологија пред три дена, во тешка состојба. Постојано сум покрај неа. Покрај моето девојче со предобра, чиста и искрена душа и со огромно срце.

Ситуацијата ѝ се влоши после Нова Година. Немам сила ниту да зборувам, исцрпена сум од тага, од болка. Но, ќе издржам за неа и ќе се молам.

Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за него е возможно се. Посакувам секој на свој начин да испрати љубов, молитва и моето девојче да се дигне повторно“, раскажа Јулија.

За жал, Андријана не издржа. Од утрово, многу нејзини пријатели се простуваат од својата пријателка, уметник, голем човек.

Бог да и даде царство небесно и да ја смести меѓу праведниците!



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.