Топ3Црна Хроника
Труење во полициската академија: Студенти со Брза помош се носат на скопските клиники!
Труење во полициската академија во Скопје. Дваесетина кадети пријавиле труење со храна, а тројца студенти биле пренесени на скопските клиники со возила на Брза помош.
Инспкеции од агенцијата за храна и ветеринарство вршат проверки внатре во Центарот за обука. Труењето за ТВ 24 го потврдија и студенти кои сакаа да останат анонимни.
Од Центарот ги демантираа информациите и велат дека станувало збор за еден студент кој имал стомачен вирус, а другите студенти пријавиле оти биле исплашени. Од МВР најавија соопштение.
