ЗабаваСексТОП

ТРОА МАКЕДОНСКИ СТАРЛЕТИ ЗА КУРОДРВИЦА, А МОЖ ПА И НЕ?

Антониа Гиговска никогаш попровокативна: Пејачката позираше без горен дел на облека, голите гради ги покри со раце (фото)

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска се прослави со учеството во регионалното музичко шоу „Пинкови  ѕвезди“ каде освои со својот оглас, но и со својот стас.

Имено, таа често добиваше позитивни коментари за нејзиното пеење и нејзиниот изглед, стајлинг, модни комбинации.

По музичкото натпреварување, Антониа успешно заплови во естрадните води, па важи за една од најпопуларните млади пејачки.

Таа постојано инвестира во себе и во својата кариера. Така, благодарение на режим на исхрана, Антониа ослабе и ја доведе својата линија до совршенство.

Често знае да прави експерименти и со својот изглед, па сме имале прилика да ја видиме да ја видиме со розова коса, со кафена… и во разни модни комбинации.

Гиговска е активна на социјалните мрежи, па често знае да споделува фотографии. Така и беше овој пат кога објави фотографија со која предизвика „земјотрес“ откако позираше топлес.

Имено, Антониа позираше само по розови хеланки, без  ниту едно парче облека на горниот дел од телото. Таа има и нова фризура, па со бујната коса и рацете ги покрила градите.

Нејзините следбеници ја опсипаа со коментари.

„Секси“, „Ова девојка е оган“, „Барбика“, „Бомба“… се само некои од коментарите кои може да се прочитаат одново и одново, за нејзиниот „топлес живот во розово“!

фото: Стефан Николовски/инстаграм/антониа гиговска

Атрактивната струмичанка, фолк пејачката Сања Цинцева попозната како Сања – „Барбика“  покажа дека и таа е фабврика за бакшиш, која додека трепне да им го ќари на веселите гастрбајтери впри нејзиното гостување во Швајцарија, од каде  се  врати со илјадници франци, „нафатирана“ како „жена од султана“.

Згодна, атрактивна, провокативна, сексапилна… Сања – Барбика и со песна и со изглед брзо сфатила дека со истата тактика може да заработи повеќекратно, а тоа сепак да биде уникатно.

Затоа расната струмичка фолкерка реши дел од двоите пари да ги инвестира во себе, односно во нова песна и видеоспот. И тоа онаков каков што може да и ја качи популарноста, а со тоа секако и зголеми заработката. А како поинаку, ако не со раскошната  става и бујните телесни атрибути во прв план, или она што ти е најголем адут покрај испената песна, за што и самата пејачка била свесна, па најдобар можен начин го применила проверениот рецеп и во новиот видеоконцепт кој најверојатно носи наслов – „Уникатно“!

А во него, барем според првите кадри и најавата, расната струмичанка  разорна како бура, впуштена во нова видеоавантура во која она што мајката природа и Бог и го дал – сиот телесен потенцијал го ставила во гро план.

Атрактивна, сексапилна, доволно разголена да ги обори на колена или барем остави со падната вилица, сексапилната струмичка убавица засега само во неколку пози, срамежливо го нуди она што кај многумина ќе побуди „уникатно возбудата да ги обземе“… повеќекратно. Се разбира, откако ќе гледаат новото видео во кое како по навика длабоко врежана во нивните „машки мисли“ ќе им остане Сања – Барбика.

Ако тоа и помине, тогаш пејачката ја оставрила целта, зашто истите тие ќе дојдат кај неа на жетва… Со денари, долари, евра, франци… бакшиш за пејачката која знае како и во колкава мера да инвестира во својата кариера.

Естрадното правилото можеби и не е толку „уникатно“, ама затоа Барби отсекогаш знаела дека е „златно“: „Покажи доволно од најдоброто на себе што го имаш, за потоа да можеш доволно да зимаш“!

 

Мартија крена нога за да се пофали со новите чизмички, ама фустанчето кусо, па пејачката покажа малку повеќе од што треба… од нешто друго (ФОТО)

Младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ дефинитивно е една од оние кои ќе бидат идните големи ѕвезди кај нас, а со вокалниот и телесниот потенцијал, со малку среќа и добар менџмент, можеби и многу повеќе од тоа – позната и популарна и во регионот.

Повеќе од  јасно е дека малечката кумановка е  уште сега многу барана , па медиумите речиси секојдневно ја третираат, бараат да им гостува, да земат изјава, да направат со неа разговор, да добијат интервју…

Младата пејачка ионака самата по себе е природно убава и згодна, знае како сето тоа да го надополни за да биде  доволно атрактивна, привлечна, сексапилна, заводлива… Неодолива за момчињата од својата генерација, но и за сите останати на кои Мартија и нејзината појава и музика им се допаѓа.

Така беше и овој пат, кога за Водици, додека едни  одеа да скокаат по крстот, други да го гледаат фаќањето во живо или на ТВ, пејачката тргна на едно сосема поинакво место. И тоа не да гледа, туку другите да ја гледаат и слушаат додека таа зборува и тоа седната на „жешко столче“, на кое и прашањата се „жешки“, а одговорите веројатно „скокотливи“ и сето тоа направено свесно, за да биде поинтересно.

Токму затоа, за да изгледа уште позаводливо и повозбудливо, Мартија „се скоцка“ онака како што најчесто знае – доволно провокативно и примамливо, а сепак да не изгледа вулгарно.

На излегување реши да си ги обуе и новите полувисоки, елегантни и модерни чизмички со високи потпетици, од кои пејачката во последно време од дома не излегува, па дури со нив и во кревет легнува…

Ако не друга барем за да се пофали и да се слика!

Токму при таа подготовка пред да излезе, така обуена Мартија ја крена ногата уште еднаш да ја овековечи чизмичката, ама фустанчето кусо, па пејачката покажа малку повеќе од што треба… Не од чизмичките, туку… Ајде, за да не биде кажано онака грубо, младата убавица покажа повеќе од… нешто друго.

За среќа хулахопките со шав, црни во тон со долната облека, па како што вели и песната: „Црно, па не се гледа“… Само се наѕира и наговестува!?

Е сега, друго прашање е дали е случајно или намерно? Провокативните една – две пози веројатно усликани „несакајќи“, а на приказните од сопствениот Инстаграм ставени апсолутно со намера… Да се изрекламираат чизмичките, се разбира!

Случајно или намерно – сеедно, излезе дека Мартија во старт со „жешка провокација“ тргна да ја загрее публиката,  уште и пред да седне на „жешкото столче“.

Дали „ќе гори“ во своите одговори…? Почекајте да ја слушнете и видите!

 

Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.