Колумни

ТРИФУН КОСТОВСКИ ЗА ДА ГО ИСПЕРЕ СВОЈОТ ГА* УДИРА ПО ПЕРО ГОШЕВ

ПЕРО НЕ ГИ ИЗМАМИ ЛУЃЕТО ТУКУ ТИ ТРИФУНЕ И ТРЕБА ДА ОДГОВАРАШ И ТИ И СИН ТИ, ПРИТВОР ДА ЈАДЕТЕ

ИЗМАМА

Човекот беше експониран во политиката на нашата претходна заедничка СФРЈ, продолжи со своето политиканство во независна Македонија, беше Министер за финансии во Владата на Црвенковски, каде беше сменет поради некомпетентност. Тој и неговите финансиски патрони кои го финансираа целиот негов политички живот, ме убедија да се заземам за негово именување Гувернер на Народна банка. Јас се заземав и навистина стана гувернер. Што испорачаа? А што добија тие ЧИСТИ РАЦЕ???

Пишува: Трифун Кoстовски

Дозволете ми повторно да проговорам за нешто кое навистина кај мене освен што предизвикува болка воедно предизвикува и разочараност и гнев, заради чувството на нанесена неправда. Станува збор, како што претпоставувате за стечајот и ликвидацијата на Еуростандард банка, а заедно со неа и повредата на над 36,000 оштетени правни и физички лица, што дирекно ќе влијае врз нивната животна судбина.

Да почнам со ред,…

Модерниот човек секогаш размислувал како да ги вреднува цивилизациските придобивки и тоа посветувајќи во тек на годината еден ден наменет за такви прослави.

Покрај државните и верски датуми, постојат и денови на мајките, денови на татковците, а јас би предложил 12 август да биде ден на кој оштетените граѓани, од денот на осамостојувањето на Македонија до денес ќе го чествуваат, но не како радост, туку како тага, како нешто што посакуваат никогаш да не се повтори. Ќе ги споменам оштетените од ТАТ, оштетените од Македонска банка, оштетените од Инвест банка, Кумановска банка, Радо банка и ќе завршам со Еуростандард банка.

Оштетените од овие стечајни постапки се бројат со неколку стотици илјади граѓани.

Сега сакам да ги анализирам кои се причините за ваквите стечајни постапки, каде дефинитивно цената ја плаќаат граѓаните на Македонија со име и презиме.

Главниот регулатор во банкарскиот систем е Народна банка. Бидете убедени дека не барам равенство за стечјните постапки за сите банки во минатото, но ве убедувам дека стечајот за ЕСБ е злостор кој што со тек на времето ќе биде разоткриен.

Од осамостојувањето до денес Народна банка никогаш не била ставена за нејзиното рабтење на длабока анализа кај надлежните институции, а тоа е собранието на РМ и Владата на РМ, бидејќи сите стечајни постапки од штедилници до банки се предмет и обврска да ги регулира Народна банка.

Зошто јавноста и новинарската фела ја држат НБ настрана од севкупните измами каде што таа има големи ингеренции.

Криминалот е присутен насекаде, а кога говориме за криминал мислиме на пари, а кога говориме за пари мислиме на банки, на чело со Народна банка, која треба да биде коректор и регулатор на фискалната и монетарна политика… со прост збор, ЗА ПАРИТЕ СЕ РАБОТИ.

Со стечајот на ЕСБ не беа употребени процедурите кои НБ можеше да ги направи за стабилизирање на банката, освен редовните мерки, таа не ги употреби своите права за ВОНРЕДНИ МЕРКИ како казнување или одземање на лиценци на високите структури во банката, кои што ги има во своја ингеренција и требаше да прејде на АДМИНИСТРАТИВНА УПРАВА во банката, во случај овие вонредни мерки не вродија со плод. Таа администрација во период од 1 година требаше да утврди дали банката ќе се леквидира или рестартира.

Почитувани, смешни се сумите со кои требаше да се докапитализира банката во време на вонредна ситуација од пандемијата која траеше точно 97 дена, а се работи за само 3, 5 милиони евра со кои ние како акционери требаше да ја докапитализираме банката.

Логично беше за тие 97 дена да ни беше продолжен рокот за докапитализација.

Ако на овој начин се користи дискреционото право на Гувернерот како во случајот со ЕС банка, тоа е срам кој сам по себе не можеме со ништо да го испереме, а претендираме да бидеме правна, напредна и модерна држава, каде што корупцијата и криминалот треба да бидат уништени,

Почитувани читатели, за ова имам само еден збор ГОЛЕМА ИЗМАМА.

Апелирам до Собранието на РМ да се стави на дневен ред пред пратениците покренатиот стечај на ЕСБ, апелирам до Владата на РМ заедно со Собранието и парламентарните групи, односно партиите во Собранието повеќе да се позанимаваат со самиот Закон за банки кој важи во РМ, за либерализација на банкарскиот сектор во комуникација со Народна банка, како што е тоа впрочем во високо развиените земји. Независноста на Народна банка ни се удира од глава, како таа институција да не е дел од севкупниот економски живот во земјава.

Аналогно на сето ова доколку се утврдат, а убеден сум дека ќе се утврдат процедуралните пропусти во одлуката за стечај на ЕСБ, очекувам да тоа биде финална одлука со која што ќе бидат обештетени сите клиенти на банката, вклучувајќи не и нас акционерите. Овој мој став делува можеби претенциозно, ама се работи за животни судбини кои страдаат од нечија несовесност, а на кои оваа држава треба да им помогне.

Мора да има ограничувања на ингеренциите на Гувернерот и мора да има консеквенции за злоупотреба на дискреционото право на Гувернерот дадено со Законо за банки на РМ.

Доколку сакаме да ги решаваме криминалот и корупцијата како општествено зло, покрај судството, мора да се зафатиме со справување на девијантните појави во целиот систем.

На крајот би сакал да се осврнам на човекот кој е познат во јавноста по ЧИСТИТЕ РАЦЕ и кој е длабоко убеден дека тој ја донел самостојноста на РМ и за себе мисли дека е најдобриот екс-гувернер на РМ. Името не му го спомнувам, бидејќи ако му го спомнам ќе помисли дека е награден од мене.

Сме биле познаници од минатото, да,.. така е, меѓутоа нашите животни патишта отидоа на две различни страни. Човекот беше експониран во политиката на нашата претходна заедничка СФРЈ, продолжи со своето политиканство во независна Македонија, беше Министер за финансии во Владата на Црвенковски, каде беше сменет поради некомпетентност. Тој и неговите финансиски патрони кои го финансираа целиот негов политички живот, ме убедија да се заземам за негово именување Гувернер на Народна банка. Јас се заземав и навистина стана гувернер. Што испорачаа? А што добија тие ЧИСТИ РАЦЕ???

Испорачаа стечај на две банки и личен каприц кон семејството Стојменови, да не им дозволат од штедилница да прераснат во банка. БРАВО! А што тој човек доби?

Доби статус и имоти кои денес го прават многу успешен и богат човек, со куќи, вили, земјишта, дуќани, сето тоа стекнато со една плата на политичар. И сега почитувани истиот тој човек се става како гласноговорник во заштита на Народна банка и Гувернерката Ангеловска- Бежоска. Ќе го употребам турскиот зборот РЕЗИЛ.

Почитувани читатели, веќе не му се обраќам на човекот. Никогаш во животот не сум бил толку остар и мислам дека нема повеќе ни да бидам. Ќе се борам со неправдата со сите мои расположиви капацитети и можности.

 

Од мене толку почитувани читатели, време е да дејствувавме, а не само да констатираме.

Македонија

Заболени
17,977
Мртви
739
Излечени
14,959
Активни
2,279
Last updated: 01/10/2020 - 05:11 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker