Колумни

ТРИФУН КОСТОВСКИ ПРЕКУ ПРОПАСТА НА БАНКАТА ЗАВИВА НАРОД У ЦРНО, А ОН ГАЈЛЕ НЕМА ПИШУВА ДЕНЕС КОЛУМНИ

СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕШЛА

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 22:26 (+02:00)

Пандемијата на COVID 19, го измести коренито светот, на здравствено, но и на социјално, културно, економско и политичко рамниште. Се отвораат прашања кои биле поттурнувани под тепих, кои се чинеле неприоритетни. Се отвори пандорината кутија за многу нешта кои го измачуваат човештвото, но и самите општествени и политички системи. Особено, би рекол кај нас се отвори една бездна на суштински и системски не решавани прашања, кои се клучни за ефикасното функционирање на секое демократско општество, па и на нашево. Едно од тие прашања е и прашањето за никогаш до крај не изведената децентрализација, која особено во услови на пандемија, може да ни се удри сериозно по глава.

Во мојот мандат како градоначалник на Скопје, во периодот од 2005 до 2009 година, отпочна процесот на децентрализација, кој е неминовност во креирањето и функционалноста на модерниот свет. Сакам да појаснам дека во сите модерни општества постои централна и локална власт. Кај високо развиените земји, локалната власт е многу посилна финансиски бидејќи има можност за повисоки приходи по основ на преземените ингеренции. Да дејствува локално во образованието, културата, здравството, односно во сите сегменти на нашето живеење. Сето ова за да биде овозможено, за да имаме силна локална самоуправа, централната власт мора да се откаже од значаен дел од буџетот, кој единствено таа го користи и распределува делку од очите на јавноста.

Сакам да појаснам дека во неразвиените економски земји централната власт тежнее да контролира се’ во државата, па и локалното функционирање, додека во високо развиените држави децентрализацијата се сфаќа како систем за потранспарентен и побрз развој на општеството, преку кој се добива многу појасна слика, кој и како ги користи парите кои се влеваат во централнатa каса или во касата на локалната заедница.

Поводот за овој текст е фактот дека процесот на децентрализација кај нас е недозволиво и деструктивно успорен и обвиен со прангите кои локалната власт ја прават зависна од централната власт. Сакаме модерно општество? Сакаме да знаеме како се трошат парите? Се разбира дека да, бидејќи секој граѓанин сака да знае како неговите пари се користат за доброто на заедницата, без сомнеж дека одат во некоја црна дупка на неповратот.

Вчера бевме информирани од министерот за здравство Филипче, дека школите ќе бидат отворени за првоодленчињата, а останатите ќе бидат задолжени за онлајн настава. Најпрво да биде јасно – сите општина во Република Македонија имаат различен статус, можности и состав на жители и економски стандард. По мене, правото за отпочнување на училишната година во градинките, основните и средните училишта треба да ја донесе локалната самоуправа, во соработка со МОН, и во случајов со Министерството за здравство, а не тоа да биде одлука која ќе ја носи исклучиво централната власт. Илузорно е да размислуваме дека првоодделенците во општините со повисок стандард ќе имаат ист стандард од оние коие живеат во општините каде што нивните родители се мачат да обезбедат огрев бидејќи се греат со ќумбе. Би бил среќен кога сите општини во Македонија, 85, би биле еднакви во своите економски, социјални и културни можности. За жал тоа не е така. Далеку сме од социјалната еднаквост.

Мојот предлог е идната Влада, да го продолжи процесот на децентрализација и да го направи реален. А тоа ќе се случи доколку се импелментира никогаш неимпелментираната фискална децентрализација, а тоа значи да се одвојува од персоналниот данок и од ДДВ поголемо учество во локалната самоуправа. Од исклучително значење е и локалната самоуправа да има ингеренции за носење одлуки во вакви вонредни ситуации, бидејќи секоја општина си ги знае своите можности, капацитети и на крајот од краиштата локалната самоуправа е таа која ја дели судбината на таа оштина. Центарлната власт, ресорното министерство за образование и миснистерството за здравство, мора да го земат предвид мислењето на локалната самоуправа кога се во прашање здравјето и иднината на граѓаните.

Нам ни е потребно силно ообразование, бидејќи само така можеме да мрднеме од мртвата точка. Ваквите одлуки кои се недоречени, по мене уште повеќе ја продлабочуваат кризата во образовниот систем. Она што е факт е дека нашето образование е секако низ последниве децении во исклучително лоша состојба, и таму се потребни темелити промени: едукација на наставниот кадар, пред се’, но и промена во наставните програми и во наставната методологија. Ние и до сега кубуревме со лошо ообразование од најраната возраст па се’ до високото образование. Дали нашиот наставен кадар ќе успее да се справи во овие услови на пандемија со новите предизвици, и дали ќе успеат да ја реализираат програмата без разлика дали е онлајн или е во живо изведувана. Тоа е огромно прашање, кое е еднакво голем црн облак како и самата пандемија.

Во секој случај, прашањето на образовните алатки е едно од клучните прашања, особено во време на пандемија, и токму затоа, нужно мора да биде вклучена и локалната самоуправа во конечните одлуки. Секако, што би рекле старите, секое зло за добро – како што почнав, така сакам и да звршам. Ова прашање ја отвора ургентноста за целосно и ефикасно имплементирање на процесот на децентрализација.

Трифун Костовски

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker