СветСекс

Три деца исфрлени од училиште, откако се дознало за професијата на нивната мајка (ФОТО)

Кристал Џексон, 44, од Калифорнија, е мајка на три деца која се огласи на социјалните мрежи велејќи дека нејзините тројца синови биле протерани од католичкото училиште затоа што таа објавува на „Only fans“.

Нејзините фотографии на „Only fans“ протекле низ католичкото училиште „Свето срце“ во Сакраменто, вели таа, од други родители, што на крајот довело до истерање на нејзините три сина, на возраст од осум, 10 и 12 години.

– Моите деца се навистина добри и сето тоа им штети. Дирајте ме мене, но оставете ги моите деца надвор од тоа. Не сакав да се случи ова, но во одреден момент треба само да станете и да кажете дека не можете да го поднесете ова ужасно однесување – коментира Кристал, пишува Пипл.

Тереза ​​Спаркс, директорката на католичкото училиште, рече дека не може да обезбеди никакви информации во врска со ситуацијата.

OnlyFans е платформа на која треба да се претплатите, а на неа корисниците можат да продаваат или да наплатуваат за своите фотографии или видеа, од кои претежно се со експлицитна природа.

Кристал вели дека таа и нејзиниот сопруг Крис, со кого е во брак 14 години, се приклучиле на платформата во септември 2019 година по брачните проблеми што речиси ги довеле до развод.

– Ми недостасуваше таа блискост што ја имавме, и многу ми недостасуваше затоа што минував низ менопауза. Без оглед што правите, повеќе не се чувствувате привлечно или секси, па затоа пробавме различни работи да го зачиниме нашиот брак“, објаснува Кристал.

Таа веднаш се согласила да се приклучи на страницата OnlyFans, без двоумење, и всушност сметала дека никој нема да се претплати на неа. Сепак, многумина ги сакале сликите на „мама од соседството“.

Во текот на следните неколку месеци, таа гледала како нејзините фотографии носат илјадници долари.

– Првиот месец заработивме 14 илјади долари, што не шокираше – се присетува Кристал, истакнувајќи дека таа и Крис сега заработуваат околу 150 илјади долари месечно за дневни фотографии и објави, а ниту една фотографија не вклучува порнографија и може да се каже дека нејзините фотографии се донекаде „пристојни“.

– Тоа е начин на кој можам да работам на нашата интимност и да ги живеам моите фантазии. Додека ги правев овие фотографии, се чувствувам секси што ми дава голема самодоверба. Ова ги зајакна нашите односи и нашата блискост – вели Кристал.

Но, во јули работите се влошиле.

Еден татко, чие дете го посетува ова католичко училиште, ја пронашол Кристал на „Only fans“, а фотографиите од неа се рашириле низ целото училиште. Наскоро ја следеле и други мајки кои ги повикале нејзините синови да бидат истерани.

 

– Целата нивна стратегија од првиот ден беше: „Ние ќе те срушиме“. Исцрпувачки беше. Тие ги испратија моите фотографии велејќи дека се згрозени. Треба да ја барате мојата веб-страница. Освен тоа, таа не штети никому и не е ничија работа, туку моја – тврди Кристал.

Но, другите мајки отидоа чекор подалеку и ги испратиле сите нејзини фотографии од Only fans до дирекцијата, бискупот и црквата.

Откако се дознало за ова, Кристал решила да им испрати објаснување во кое им понудила да им ја покаже својата страница на „Only fans“ за да докаже дека нејзината содржина не е порнографска, но никогаш не добила повратна информација од нив.

„Тоа беше обесхрабрувачко, особено затоа што сакав да објаснам сè“, вели таа.

По повеќемесечни полемики, таа добила е-пошта од училиштето во која се наведува дека нејзините синови биле официјално исфрлени.

Синовите беа вознемирени од оваа одлука, но тие сè уште не ги знаат спецификите на ситуацијата, освен што нивната мајка е „голем интернет-модел“.

По овој настан, училиштето додаде на својата регулатива дека „секој родител што ја работи својата работа на интернет, блог или социјални мрежи кои се противат на учењето на црковната и училишната филозофија мора да биде протеран“.

Кристал и Крис во моментов бараат училиште за своите синови и велат дека најверојатно ќе ги стават во државно училиште.

– Нашата цел е да ги вратиме во католичкото училиште, но мислам дека тоа нема да се случи. Тие нема да им дозволат да се вратат. Тие јасно кажаа дека не ги сакаат – тврди К….

Таа исто така се надева дека нејзината приказна ќе ги охрабри жените да бидат по љубезни едни кон други и да се однесуваат кон другите онака како што сакаат некој друг да се однесува кон нив.

 

 

– Тука сме во 2021 година во која се обидуваме да срушиме жена поради нејзините избори и она што го прави со нејзиниот сопруг. Срамота е и малтретирање. Никогаш не сум била вклучена во туѓа работа и не ве осудувам за вашиот избор. Ако жените би можеле да се поддржуваат едни со други, светот би бил подобро место – советува Кристал.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.