Црна Хроника

ТРИ „БИЗНИСИ“ ВО ЕДНО – објектот му бил и кафеана, и фабрика за дрога, и бордел

Што ти се вели смисла за бизнис.

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 28/09/2020 - 02:11 (+02:00)

Држел угоститески објект,  но во него произведувал и дроги, а држел и десет танчерки, кои можеби биле принидени да нудат и други услуги. Сето ова „му успеало“ на 46 годишен човек од Добридол, но сега пред органите на прогонот ќе треба да објаснува зошто се занимавал со овие криминални дејности.

„На 08.08.2020 година во временскиот период од 00,15 до 02,00 часот од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Гостивар – СВР Тетово при Бирото за јавна безбедност  на МВР врз основ на писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен Суд Гостивар бил  извршен претрес во  угостителски објект  и  други помошни простории сопственост на Р.Б. (46) од с. Добридол, поради  основано сомнение за сторено кривично  дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,  психотропни супстанции и прекурсори“ од Кривичниот законик на Република Северна Македонија“, соопшти полицијата.

Од МВР додаваат дека при извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три се државјанки на Република Северна Македонија, шест  се  државјанки од Република Албанија и една е  од  Република Косово , кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело „Трговија со луѓе“ член  418-а, од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker